Алпин во иднина ќе користи мотори на Мерцедес

Формула 1 (Ф1) тимот Алпин најверојатно во иднина ќе користи мотори на Мерцедес. Како што претходно беше најавено, сопственикот на Алпин, концернот Рено, сериозно ја разгледува можноста за намалување на програмата за развој на Ф1 мотори и повторно фокусирање на работата на тркачкиот оддел.

Во истовреме, тимот на Алпин ја разгледува можноста да се префрли на статус на клиентски тим и да ги користи моторите на Мерцедес.

Според последните информации, раководството на Алпин веќе одржало прелиминарни преговори со сите добавувачи на Ф1 мотори, а преговорите со Мерцедес се во напредна фаза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО