УЕФА го исфрли украинскиот клуб од европските натпреварувања

Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека украинскиот тим Днипро-1 е исфрлен од натпреварувањата поради финансиски проблеми. Поради тоа унгарскиот клуб, Пушкаш Академија без борба мина во третото коло од Лигата на конференции (ЛК).

Минатата сезона Днипро-1 го зазеде четвртото место во украинската Премиер лига, но сега е пред најголемиот предизвик – опстанокот на клубот. Оваа ситуација е повторување на судбината на првобитниот Днипро, кој исто така беше распуштен поради финансиски тешкотии пред пет години.

Днипро-1 веќе некое време живее „закопан“ во долгови, а поднесувањето барање за стечај во овој момент е неизбежно. Клубот го напушти практично целиот персонал, а судејќи според Трансфермаркт, тимот го сочинуваат само тројца играчи!

Интересен податотк е дека Днипро-1 пред само една година го продаде Артем Довбик на Џирона за осум милиони евра. Оттаму околностите под кои клубот е доведен во сегашната состојба се многу сомнителни.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО