Хрватскиот кошаркарски гигнат, Цибона би можел да не настапува во АБА лигата следната сезона.
Спооред информација на хрватскиот новинар, Томислав Хорват, проблемите во хрватскиот кошаркарски гигант повторно излегоа на виделина, а раководството на АБА лигата на следната седница ќе ја разгледува ситуацијата во загрепскиот состав.
Доколку дотогаш работите не се потсредат, голема е веројатноста Цибона да биде заменета со МЗТ Скопје Аеродром. Тоа е добра вест за македонскиот шампион, кој минатата сезона не успеа да се избори за промоција во елитното регионално кошаркарско друштво.
Ова натпреварување сега е во проширен состав по влезот на екипите на Дубаи и на Спартак и ќе брои 16 екипи.