ФИФА ги „чешла“ Аргентинците – најдено е спорно видео од 2022 година

ФИФА отвори истрага против неколку аргентински репрезентативци по финалето од Копа Америка.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео во кое се гледаат неколку играчи на Аргентина кои пеат навредливи песни на сметка на француските играчи, а тамошната федерација тој момент го окарактеризира како расстички.

– ФИФА е запозната со видеото кое циркулира на социјалните мрежи и тој инцидент се истраужува. ФИФА осудува било кој облик на дискриминација кон било кој, без разликја дали е играч, навивач или судија, објавија од највисоката фудбалска светска оргаизација.

Инаку, станува збор за натпреварот од СП 2022 година, кога во финалето играа Аргентина и Франција.

Дефанзивецот на Челси, Весли Фофана, спорното видео го опиша како расизам и удар за расизмост, а тоа видео го објави неговиот соиграч Енцо Фернандез.

Фернандез подоцна се извини и рече дека го „однела еуфоријата“ за време на славјето, а во песните, Аргентинците го исмеваа потеклото на повеќе играчи, дека нивните родители се од Алжир или Нигерија, а дека на крајот се пишуваат како Французи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО