(ВИДЕО) Градоначалничката на Париз пливаше во Сена за да покаже дека е чиста!

Градоначалничката на француската престолнина, Париз, Анa Идалго, го исполни  ветувањето и влезе да плива во водите на реката Сена, која минува низ Париз.

Со тоа Идалго сакаше да покаже дека реката е доволно чиста за да биде домаќин на маратонот и на триатлонот на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Според прес-службата на градоначалникот на Париз, Идалго (65) влезе во водите на Сена и покрај наодите од студиите кои не секогаш покажуваат 100 насто позитивни резултати во однос на загадувањето.

Обилните врнежи предизвикаа параметрите на бактериолошката анализа да ги надминат дозволените нивоа, што го прави пливањето во реката небезбедно за здравјето на луѓето. Градоначалничката вети дека таа лично ќе плива во Сена за да покаже дека реката сепак е погодна за пливање.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО