Вардар попладнево ги почнува подготовките за новата сезона

Ракометниот клуб (РК) Вардар 1961 денеска официјално ги почнува подготовките за новата сезона. Стартот е закажан за 18 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Според планот на Стручниот штаб, првите 10 дена ќе се тренира во салата во СЦ „Јане Сандански“, а потоа ќе се замине во Маврово каде што ќе се одвива вториот дел од подготовките.

Во Маврово ќе бидат одработени тренинзите во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје. Засега е сигурно дека Вардар ќе учествува на два турнира, во Струга од 7 до 14 август и во Охрид, од 20 до 24 август.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО