Раководството на фудбалскиот клуб Вардар паралелно секојдневнот објавување за засилувањата на играчкиот кадар, работи и на комплетирање на стручниот штаб на првиот тим.
Добро познато име во македонскиот фудбал ќе работи во најтрофејниот македонски клуб. Влатко Колев го засилува стручниот штаб на Вардар. Човек кој својата играчка кариера ја започнал токму во Вардар, настапувал и во Македонија ЃП, додека со екипата на Силекс ја има освоено и двојната круна.
Во однос на функцијата – тренер, Колев има забележано низа на успеси, како што е освојувањето на двојната круна со младинската екипа на Металург во сезоната 2014/15, а исто така во два наврати бил прогласен за младински тренер на годината.