Аргентина ја победи Колумбија во финалето на Копа Америка со 1:0, со голот на Лаутаро Мартинез во 112. минута. По триумфот аргентинските навивачи почнале со големо славје кое, за жал, заврши трагично за еден од навивачите.
За време на прославата, еден 29-годишник се искачил на големата буква А, која е еден од симболите на Буенос Аирес. Полицајците со мегафон го повикувале да не се качува и веднаш да се спушти, но тој не ги послушал, паднал и починал на лице место.
🔴 AHORA | Murió un hincha que se subió al jardín vertical del Obelisco
El joven de 29 años se subió a la estructura colocada por el Ministerio de Ambiente y Espacio Público de CABA para celebrar la previa de la final de la #CopaAmérica, pero cayó y murió inmediatamente. pic.twitter.com/U72nv2icva
— EcoNews en español (@econewsES) July 15, 2024