(ВИДЕО) Копа Америка: Меси неконтролирано плачеше за време на финалето, хаотични сцени во Мајами

Аргентина ја одбрани титулата на Копа Америка откако во финалето, по продолженијата, ја победи Колумбија со 1:0, со голот на Лаутаро Мартинез во 112. минута.

Сепак, во центарот на вниманието, во еден од најемотивните моменти на целиот турнир беше Лионел Меси. Аргентинската легенда мораше да ја напушти играта во 66. минута поради повреда на скочниот зглоб, а потоа камерите го фатија како неконтролирано плаче на клупата за резерви.


За среќа на Меси, Аргентина и без него успеа да ја победи Колумбија и да ја освои втората последователна титула на Копа Америка, вкупно 16-та, рекордна. По натпреварот, Меси како капитен го подигна трофејот, за него 45-ти во кариерата, што го прави апсолутен рекордер во историјата на фудбалот.

Финалето во Мајами, ќе остане забележано поради хаотичните сцени пред почетокот на мечот што причина за одложување на мечот за речиси час и половина.


Голем број навивачи без билети тргнале кон стадионот „Хард рок“ со надеж дека некако ќе влезат. Тоа ги изненадило безбедносните сили кои не знаече како да се справат со навивачите.

Сите влезови биле затворени на што реагирале оние што купиле билети, а биле спречени да влезат на стадионот. Некои се снимени како се обидуваат да влезат на стадионот преку вентилацијата…

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО