Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница го објави трансферот на холандскиот напаѓач Џошуа Циркзи, кој настапуваше за својата репрезентација на ЕП 2024, а го носеше дресот на италијанската екипа Болоња.
Напаѓачот потпиша договор со англискиот клуб до летото 2029 година. Се очекува Циркзи да игра на место кое го ослободи Ентони Марсијал. Претходно во медиумите беше објавено дека „црвените ѓаволи“ и платиле на Болоња нешто повеќе од 40 милиони евра за трансферот на холандскиот репрезентативец.
Да потсетиме, 23-годишниот напаѓач настапуваше за Болоња од летото 2022 година. Минатата сезона Циркзи учествуваше на 37 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола и седум асистенции. Според информациите пазарната вредност на фудбалерот е 50 милиони евра.
Ready to make his mark 🔥
Joshua Zirkzee: welcome to Manchester United ❤️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 14, 2024