Англија со пресврт ги победи Холанѓаните и закажа финале со Шпанија на ЕП

Репрезентацијата на Англија е во финалето на европското првенство откако вечерва во полуфиналето во Дортмунд ја совлада Холандија со 2:1. Инаку мечот го отворија Холанѓаните кои преку Чави Симонс поведоа уште во седмата минута. Сепак, во 14 минута Хари Кејн падна во дуел со противнички играч, а судијата Цваер по консултација со колегите од ВАР досуди пенал.
Кејн го изедначи резултатот.

Во 30 минута Дамфрис ја погоди пречката, а на спротивната страна Фоден ја погоди левата статива.
Во меѓувреме се повреди Депај па беше заменет. Во 65 минута шутот на Ван Дајк го одбрани Пикфорд, а десет минути подоцна Букајо Сака ја затресе мрежата но голот беше поништен поради офсајд од страна на ВАР.
Во 91 минута Англичаните го постигнаа победничкиот гол. Кол Палмер асистира, а резервистот Оли Воткинс успеа да ја затресе мрежата.

Англија втор пат по ред е во финалето на Европско првенство. Во финалето ќе игра против Шпанија која вчера ја елиминира Франција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО