Шпанската кошаркарска репрезентација го објави конечниот состав од 12 играчи кои ќе играат на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
На списокот на селекторот, Италијанецот Серџо Скариоло се најдоа следните кошаркари: Алекс Абринес (Барселона), Санти Алдама (Мемфис гризлис), Дарио Бризуела (Барселона), Лоренцо Браун (Макаби Тел Авив), Алберто Дијаз (Уникаха), Руди Фернандез, Усман Гаруба (Голден Стејт вориорс), Фран Гера (Тенерифе), Хуанчо Ернангомез (Панатинаикос), Вили Ернангомез (Барселона), Серхио Љуљ (Реал Мадрид) и Хамес Прадилја (Валенсија).
ОИ во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август, а селекцијата на Шпанија ќе игра во групата со Канада, Грција и Австралија.