Андов денеска ги почнува подготовките за натпреварите со Летонија и Словенија

Сениорската женска фудбалска репрезентација на Македонија кон средината на јули ќе ги одигра последните два натпревара од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) 2025 година што ќе се одржи во Швајцарија.

Во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц), македонските фудбалерки на домашен терен ја пречекуваат селекцијата на Летонија, на 12 јули, (17.30 часот), на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Во првиот меч одигран меѓу двете репрезентации, во воведното коло од квалификацискиот циклус, Македонија славеше победа во Рига, со 4:3.

Во последното коло, Македонија на 16 јули, на гости, (19 часот) ќе се соочи со фаворитот во групата, Словенија. Во првата пресметка, во Скопје, Словенките забележаа убедлива победа од 5:0.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов, ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Берна Кабакчи, Карсон, САД, Викторија Панчурова, Тиверија, Кристина Павлоска, Шкендија

Одбрана: Ана Милчевска, Грузија, Ане Бошевска, Тиверија, Павлинка Николовска, Љуботен, Викторија Недева, Тиверија, Катерина Милевска, Цевитана, Кристина Мојсоска, Ас Јунајтед, Елена Панеска, Каменица Саса, Елена Петревска, Љуботен

Среден ред: Маријана Нацева, Дормунд, Германија, Радица Велкова, Каменица Саса, Хава Мустафа, Шкендија, Александра Марковска, Љуботен, Симона Мајер, Лечне Андрееска, Ихмете Лимани, Веинберг, Германија, Наташа Андонова, Леванте, Шпанија

Напад: Јилза Максути, Ас Јунајтед, Гентијана Рочи, Купс, Финска, Лора Сулејмани, ГСПО 92, Франција, Афродита Салихи, Шкендија, Јована Павловска, Тиверија

Собирот на репрезентацијата е закажан за денеска, во хотелот „Парк“, во 14 часот. Првиот тренинг е попладнево, од 18 часот.

За претстојните натпревари неизвесен е настапот на Гентијана Рочи, поради повредата на вчерашниот натпревар за својот клуб во првенството на Финска.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО