УЕФА објасни зошто Германија на доби пенал на мечот со „Фуријата“

Спорниот момент на вчерашниот меч Шпанија-Германија кога Кукуреја играше со рака во шеснаесетникот предизвика лавина реакции во германската но и во светската фудбалска јавност.

Судијата од Англија, Ентони Тејлор, во консултација со ВАР собата, дозволи мечот да продолжи со што го навлече бесот на домаќинот на ЕП. Денеска УЕФА потсети дека на два дена пред почетокот на еврото, претседателот на судискиот комитет на УЕФА, Роберто Розети, покажал видео со кое објаснува дека во такви ситуации нема да се досудат пенали.

Тој истакна дека тоа им го објаснил на репрезентативците.„Ова не е пенал. Раката е блиску до телото во природна положба. Играчот се обидува да избегне контакт со топката“, изјави тогаш Розети.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО