Сандро Вагнер, кој му е помошник на селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, вчера по мечот со Шпанија предизвикал инцидент во соблекувалната на судиите. Тој незадоволен од делењето на правдата на Ентони Тејлор, испратил погрдни зборови кон Англичанецот.
Според весникот „Билд“, помошникот по крајот на мечот упаднал во судиската соба и го навредувал главниот судија поради недосудениот пенал по играњето со рака на Кукуреја. Спорниот момент се случи во продолженијата од два пати по 15 минути. Подоцна Шпанија успеа да постигне гол и да замине во наредната фаза.