Фудбалерот на Шпанија, Даниел Карвахал, очекува незивесен меч со Грузија во фазата на елиминации на Европското првенство. Тој потенцира дека Грузиецот, Квича Кварацхелија е одличен играч.
– Годинава играв четири пати против него – два во групите од Лигата на шампионите со Реал Мадрид против Наполи и уште два со репрезентацијата. Грузија ни даде гол во Ваљадолид но, генерално мислам дека успеав добро да го задржам – вели Карвахал.
-Во Грузија не игра толку блиску до
страничната линија туку како втор напаѓач. Мораме да бидеме крајно внимателни – изјави Карвахал.