НХЛ лига: Прва титула за Флорида, продолжи „постот“ на тимовите од Канада

Флорида пантерс ги победија Едмонтон оилерс со 2:1 во 7-от меч, и го освоија Стенли купот, за прв пат во клупската историја. Решавачкиот натпревар од финалната плеј-оф серија во канадско-американската хокеарска НХЛ лига се играше на Флорида.

Картер Вериџ и Сем Рајнхарт ги постигнаа головите за победничката екипа, а стрелец на единствениот гол за Оилерс, беше Матијас Јанмарк. Големи заслуги за триумфот има и голманот на Пантерите, Сергеј Бобровски кој одбрани 23 удари, од коиу девет во последната третина. Голманот на Едмонтон, Стјуарт Скинер запре 19 удари.

Финалната серија беше многу драматична. Флорида ги доби првите три меча и се чинеше дека се’ е готово. Но потоа Едмонтон возврати и израмни на 3:3!

Флорида успеа да стигне до посакуваната цел и да ја освои првата титула во третиот обид. Лани во големото финале загуби од Лас Вегас со 1:4, а во првиот обид, во 1996-та од Колоради авеланч, 0:4.

Едмонтон и натаму останува на петте титули, последната освоена во 1990-та. Тимовите од Канада го немаат освоено Стенли купот од 1993-та кога триумфираше Монтреал канадиенс, најуспешниот тим со 24 титули, 13 повеќе од Детроит ред вингс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО