Далиќ: Ова е голем неуспех за сите нас, се’ ни одеше според планот, а потоа…

Селекторот на „коцкестите“, Златко Далиќ, тешко пронајде зборови со кои им се обрати на новинарите во Лајпциг по неуспехот вечерва.

Имаа победа во раце, имаа пласман во следната фаза, се’ до 97. минута и ударот на Закањи, кој ги шокира и им ги одзема шансите за пласман понатаму.

Самиот Далиќ видно нерасположен, излезе на соочување со новинарите, каде добиваше повеќе видови прашања, но се обиде да даде резиме за неуспешниот турнир.

– Последна минута со Албанија, последна и вечерва, можам само да им честитам на момците за борбата на терен, за желбата и жртвата која ја покажаа. Ова не е наш турнир дефинитивно, ова е неуспех за сите нас. Имавме договор на полувреме, да ја држиме топката во свој посед, да постигнеме гол, но да не примиме, се одеше според планот, водевме и бевме блсику, а потоа се случи гол во 97. минута, надополнувањето не ни сакам да го коментирам.

– Ги имавме и Албанија и Италија до последните секунди, жалам поради навивачи, разочаран сум поради нив, поради сите наши кои не бодреа во Германија, ова е неуспех, не ја минавме групата, порача Златко Далиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО