Модриќ: Фудбалот некогаш е суров, не знам каде судијата ги најде тие 8 минути продолжение

Лука Модриќ влезе во историјата на европските првенства како најстар стрелец, вечерва погоди против Италија, но на крајот се беше залудно.

Тој со кнедла во грлото по натпреварот ја прими наградата за играч на натпреварот, бидејки на крајот тие се скоро пред елиминација.

– Не знам што да кажам, фудбалот понекогаш е суров и тоа денеска се покажа кон нас. Не го заслуживме овој гол на крајот, не знам каде судијата најде осум минути да продолжи. Жалам што ова не беше победа за втора фаза. Теоријата се уште не држи, но тешко е. Нам никогаш ништо не ни се поклопува. Вчера Унгарија, денеска ова нам ни се случува, како и минатиот натпревар. Не знам што се случува вечерва, порача Лука Модриќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО