Лина Ѓорческа ја дозна ривалката во првото квалификациско коло на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа од утре го започнува својот настап во квалификациите за учество во главната фаза на Грен Слем турнирот Вимблдон. Ѓорческа утре го игра натпреварот од првото квалификациско коло, а противничка ќе ѝ биде Американката Саша Викери, која е рангирана како 29-та носителка во квалификациите.

Противничката на Лина Ѓорческа има 29 години и во моментов е 138-ма на ВТА листата, а досега двапати учествуваше на Вимблдон (најголем успех ѝ е второто коло во 2018 година). Ѓорческа вторпат ќе учествува во квалификациите за неофицијалното светско тениско првенство, а годинава настапуваше во квалификациите и на останатите два Грен-Слем турнири, Австралија Опен и Ролан Гарос.

Мечот помеѓу Лина Ѓорческа и Саша Викери ќе се одигра на теренот број девет, а почетокот е закажан за утре во 12:00 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО