Српските медиуми пишуваат за нов „скандал“. Хрватскиот фудбалски сојуз наводно доставил до УЕФА список со песни кои би се пуштале на стадионот пред натпреварот со Италија, меѓу кои е и „Лијепа ли си“ на Марко Перковиќ Томпсон.
„Скандал! Хрватите доставиле до УЕФА список со песни за мечот со Италија, а на списокот една е поврзана со усташите“, пишува Телеграф, а во споменатата песна репликата „Херцег-Босно, срце поносно“ се поврзува со усташите.
Ова е нов притисок од Србија врз УЕФА. Тие веќе доставија неколку пријави, а се заканија со повлекување од Европското првенство (ЕП)!