Шпанскиот селектор со комплетно нов тим против Албанија!

Со две победи во првите две кола, Шпанија го обезбеди првото место во групата Б, по што средбата од 3. коло со Албанија нема никакво резултатско значење за нив.

Селекторот Луис де ла Фуенте се наоѓа во прилично удобна ситуација и има можност да ги одмори своите главни играчи за продолжението од ЕП, каде што има намера да остане што подолго, до финалето во Берлин, на 14 јули.

Сè навестува дека Шпанците ќе го променат комплетниот стартен состав. УЕФА на својата интернет страница ги објави следните 11 на „фуријата“ за вечерашиот меч против Албанија: Раја – Навас, Вивијан, Лапорт, Грималдо – Мерино, Зубименди, Олмо – Торес, Хозелу, Ојарзабал.

– Албанија има фантастични навивачи и веќе направи изненадување. Знаеме дека ќе ни биде многу тешко. Ќе направиме промени и сметам дека тоа е вистинската работа. Имаме целосна доверба во сите 26 играчи кои се во репрезентацијата.

Сите имаат шанса да играат овде на високо ниво, така што јас сум целосно мирен за тоа. Нас нè интересира само победа бидејќи сакаме да победуваме на секој натпревар,  изјави шпанскиот селектор.

Албанија, би можела да се пласира во осминафиналето доколку ја победи Шпанија, и ако Хрватска ја победи Италија. Во тој случај Албанија и Хрватска би имале по четири бода, а критериуми за пласман се вкупната гол-разлика или поголем број постигнати голови доколку гол-разликата е иста.

Албанија не може да стигне до осминафиналето ако загуби или ремизира, а Хрватска победи против Италија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО