Симонс не сака да се врати во ПСЖ, а францускиот првак не сака да го позајми

Играчот од средниот ред, Чави Симонс го информирал францускиот првак ПСЖ дека сака да си замине од „Паркот на принцовите“ ова лето, информира спортскиот новинар Фабрицио Романо.

Според него, Симонс сака да остане во РБ Лајпциг каде што минатата сезона играше како позајмен фудбалер. Но од ПСЖ не сакаат да го праѓаат на нова позајмица, туку инсистираат на целосен трансфер, односно клуб кој ќе ја плати целосната сума.
Договорот на 21-годишниот фудбалер е до 30 јуни 2027 година, а според „трансфермаркт“ неговата вредност изнесува околу 80 милиони евра.
Симонс минатата сезона за „биковите“ одигра 43 натпревари и постигна 10 голови и имаше 15 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО