Руни со прстот кон Саутгејт: Едноставно е, тој играч не смееше да го прецрта од списокот за ЕП!

По слабите резултати во првите две кола за Англија, се нижат критиките на сметка на селекторот Герет Саутгејт.

Еден од оние кои зборуваа деновиве за Саутгејт беше и некогашниот репрезентативец, Вејн Руни, кој му потенцира кој играч морал да го повика во репрезентацијата за подобри резултати.

Саутгејт изостави седум играчи од прелиминарниот список, тој ги прецрта Џек Грилиш, Џејмс Мадисон и Џарод Брантвајт, додека претходно беа отпишани и Хендерсон и Маркус Рашфорд.

Вејн Руни смета дека токму од сите овие играчи, Саутгејт морал да го повика Хендерсон, за кого смета дека ќе допринел за поголема агресивност во играта која Англија на ова ЕП ја нема.

– Мораше да го повика Хендерсон и сега самиот е свесен и гледа зошто мораше. Но сепак, тоа е негова одлука и не треба да се мешаме, туку мора да ја почитуваме. Да се надеваме на најдобро сценарио за ЕП, порача Веј Руни.

Самиот Руни потенцираше и пред ЕП дека доколку Англија биде агресивна и константна во средниот ред, ќе може да се надева на добар исход од ова ЕП.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО