УЕФА ја казни албанската репрезентација поради недоличното однесување на навивачите на натпреварот од 1. коло од групната фаза на ЕП 2024 против Италија, соопшти прес-службата на Албанската фудбалска федерација.
Севкупно, Албанија е казнета со 37.300 евра поради навивачите кои фрлале предмети на теренот, користеле пиротехнички средства, упаднале на теренот и испраќале провокативни пораки.
Албанија загуби од Италија со 1:2. Албанците успеаја да го постигнат најбрзиот гол во историјата на ЕП, во 23-та секунда. Денеска Албанија се среќава со Хрватска, во Хамбург, од 15 часот.