Квалификации од соништата! Американката Смит со нов светски рекорд на 100 метри грбно

Американската пливачка, Реган Смит постави нов светски рекорд на 100 метри грбно со време од 57,13 секунди, на олимписките квалификациски изборни натпревари во Индијанаполис. Таа за две 0,2 секунди го подобри претходниот рекорд на Австралијката Кејли Мекион.

На нешто повеќе од еден месец до Олимписките игри (ОИ), Смит со победата во финалето го запечати местото во пливачкиот тим на САД. Смит, која освои бронза во оваа дисциплина на ОИ во Токио 2021-та, ќе се натпреварува во уште две дисциплини на олимписките квалификации.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО