39-годишниот португалски репрезентативен напаѓач Кристијано Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој учествувал на шест европски првенства. Фудбалерот учествуваше на Европските првенства во 2004, 2008, 2012, 2016 (победи), 2020 (всушност одржано во 2021), а вечерва се најде во стартниот состав за натпреварот од 1. коло од групната фаза на ЕП 2024
На Ред Бул Арената во Лајпциг се игра натпреварот од 1. коло од групната фаза на ЕП 2024 година помеѓу репрезентациите на Португалија и Чешка.
Со самото појавување во составот на Португалија, Кристијано Роналдо направи нешто што досега не се случило во историјата на Европските првенства, еден играч да настапи на 6 континентални собири.
Португалската репрезентација еднаш стана европски шампион – тоа се случи во 2016 година на континенталниот шампионат што се одржа во Франција. На победничкото Евро 2016 капитен на Португалците беше Кристијано Роналдо