Лунин размислува да го напушти Мадрид

Украинскиот интернационалец во Реал Мадрид, Андреј Лунин, размислува да си замине од редовите на „кралскиот клуб“ најавува весникот – „Марка“.

Голманот проценил дека со враќањето на Тибо Куртоа повторно ќе биде „златна резерва“ и затоа нема намера да го продолжи договорот.

Претходно беше објавено дека „кралевите“ му понудиле на Лунин продолжување на соработката до 2028 година со зголемување на платата. Неговиот активен договор истекува во летото во 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО