Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Дарко Јанев, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во Скопје од 19 до 30 јуни.
Меѓу повиканите се 20 ракометарки, од кои 18 играат во домашното првенство, а две во странство, Сара Стефаноска, која настапува за српска Јагодина и Ива Младеновска од француски Брест.
Македонија на списокот ќе има и седум резерви во случај да треба да се повика нов играч. Тоа се Ема Кирова, Адела Елени, Александра Коловска, Ива Велкова, Ева Ѓорѓиевска, Дона Тодоровска и Исидора Котевска.
Подготовките ќе почнат во Маврово, на 29 мај. Ракометарките на Македонија се во групата Х, со САД, Ангола и Исланд.