Ѓоковиќ со одговор на најчесто поставуваното прашање деновиве: Не, немам уште потврда за тоа!

На воведната конференција за медиумите, Новак Ѓоковиќ зборуваше зa tоа кога би можел да се пензионира од спортот во кој стана најуспешен.

Ѓоковиќ верува дека има шанси да освојува уште титули, затоа што како и самиот рече, ако не верува во тоа, нема ни да се натпреварува.

– Да не сум подготвен да направам големи работи, сега не би бил овде. Тоа се подразбира. Никогаш не доаѓам на некој гренд слем со негативно размислување, доколку знам дека нема да можам да направам ништо, не би ни дошол. Кога ќе почувствувам дека веќе не можам, е тогаш ќе биде моментот кога ќе размислувам за пензија. Човек никогаш не може да се опушти на гренд слем турнирите, бидејки мечевите траат долго, порача Ѓоковиќ.

Новинарите го прашаа и околу тоа дали официјално има нов тренер.

– Не, немам потврдено по разделбата со Горан Иванишевиќ дека имам нов тренер, се надоврза српскиот тенисер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО