Олимпијакос го победи Фенер – третопласирани во Евролигата сезонава

Кошаркарите на Олимпијакос го освоија третото место во Евролигата, совладувајки го составот на Фенербахче вечерва со резултат 87:84 (24:16, 24:21, 18:25, 21:22).

Многумина сметаат дека кој и да победи, не е од големо значење, но сепак ова беше натпревар на едно големо ривалство, на две екипи кои горат во себе кога играат меѓусебе.

Олимпијакос веќе на полувреме имаше уверлива предност (48:37), што можеше да се насети и дека вака ќе заврши натпреварот. Но Фенер одигра добро во третата четвртина (18:25), па ја врати негативата од -11, на -4.

Во последните 10 минути, се играше буквално егал, Олимпијакос го издра притисокот, па иако ја загуби последната четвртина (21:22), сепак со три коша триумфираа и официјално се пласираа на третата позиција сезонава.

Најефикасен кај победникот беше Алек Питерс со 20 поени, го следеше Најџел Вилијамс со 12.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО