Брилјантниот играч за врска на Баер, прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата

Младиот 21- годишен фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, прогласен е за фудбалер на сезоната во германската Бундеслига. Вирц, играчот од средниот ред на „фармацевтите“, му помогна на својот клуб да ја освои историската, прва титула во историјата. Тој постигна 18 гола на 47 натпревари.

Баер Леверкузен стана првиот тим што ја завршил сезоната во Бундеслигата без пораз и се’ уште е непоразен во сите натпреварувања, низа од 51 натпревар.

Вирц постигне хет-трик во победата над Вердер Бремен од 5:0 во април, со што Баер ја завери шампионската титула во Бундеслигата, на пет кола до крајот

Баер го очекуваат уште две финалиња неделава, во среда во Лига Европа (ЛЕ) против Аталанта во Даблин, и во сабота во Берлин, во Купот на Германија, против Кајзерслаутерн.

Настапите на 21-годишниот Вирц, му донесоа три признанија за играч на месецот сезонава. Тој е дел од прелиминарниот тим на Германија за Европското првенство (ЕП) 2024. Во март на пријателскиот натпревар против Франција (1:0) тој го постигна единствениот гол.

За наградата најдобар играч на сезоната одлучуваат гласовите на навивачите (40 отсто), клубовите (30 отсто) и експертите (30 отсто).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО