Навивачите на Реал ќе можат да го гледаат финалето на Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“

Раководството на Реал Мадрид објави одлична вест за навивачите на тимот. Клубот ќе организира специјален настан за финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 1 јуни.

Финалниот натпревар ќе се одигра на легендарниот „Вембли“, а на него секако нема да можат сите да присуствуваат. Шпанскиот гигант ќе ја нападне својата рекордна 15-та титула на најкомерцијалниот клубски турнир во Европа. Приврзаниците на „кралевите“, кои нема да ја имаат честа да ги следат во живо своите миленици во Лондон, тоа ќе можат да го сторат на „Сантијаго Бернабеу“.

По реновирањето на стадионот, на објектот беа поставени екрани од 360 степени кои го опкружуваат целиот терен. Се чини дека ќе бидат искористени и за претстојното финале. За крајот на мечот се планира спектакуларен огномет, секако во случај Реал Мадрид да дојде до титулата во Лондон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО