Карагер удри по еден играч на Јунајтед: Треба да му кажат да престане да игра фудбал

Џејми Карагер синоќа во отвореното студио на Скај спорт, го коментираше натпреварот Кристал палас – Манчестер јунајтед, па по големата катастрофа на гостите, посочи еден играч кој мора добор да се замисли.

Карагер му фрли око на бразилскиот фудбалер Каземиро, кого директно го обвини за поразот на Јунајтед на „Селхарст парк“, 0:4.

Истото го прашаа и Тен Хаг на прес конференцијата, но тој одби да впери прстот кон поединец, туку рече дека овој резултат е „заслуга“ на колективната игра.

– Реков уште на полувреме дека Тен Хаг мора да го извади од игра, има млади момчиња, но после ова, ваков искусен играч како Каземиро, треба да се замисли. Треба да знае дека му преостана уште малку за да игра на вакво ниво. Следни мечеви му се ФА купот и лигашките натпревари.

Треба да размисли дали би можел да замине во МЛС или во Саудиска Арабија. Јас сум многу сериозен, се гледаат годините на него. Тој играше на високо ниво со Крос и со Модриќ, но тоа сега повеќе го нема кај него, луѓето околу него треба да му кажат да престане да игра, порача Карагер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО