Реал Мадрид не е заинтересиран да го ангажира дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис во претстојниот летен преоден рок, објавија шпанските медиуми.
Според истите, Реал Мадрид ги променил приоритетите во засилувањето на одбранбената линија пред почетокот на следната сезона. И покрај тоа што постигнале вербален договор со левиот бек Алфонсо Дејвис, раководството на Реал Мадрид се префрли на купување на централниот дефанзивец на францускиот Лил, Лени Јоро. Воедно, можен е и трансфер на Алфонсо Дејвис по завршувањето на следната сезона, кога треба да му истече договорот со Баерн.
Да потсетиме, оваа сезона Дејвис учествуваше на 31 натпревар во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2025 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, вредноста на фудбалерот е 60 милиони евра.