Минатата ноќ се одиграа плеј-ин натпреварите во Источната конференција на НБА лигата. Филаделфија сиксерс во драматичен меч го победи Мајами хит со 105:104 и ја обезбеди седмата позиција во плеј-офот.
Чикаго булс беа подобри од Атланта хокс, 131:116 што значи дека Булс и Хит ќе одиграат уште еден натпревар по кој победникот ќе се пласира во плеј-офот како последнопласирана, осма екипа.
Претходно Лос Анџелес лејкерс ја обезбеди седмата позиција на Западот, додека за осмата ќе разигруваат Сакраменто кингс и Њу Орлеанс пеликанс.
Blocked by Batum in the CLUTCH 🚫
MIA-PHI on ESPN… winner secures the #7 seed in the East! pic.twitter.com/B4Z642rLCB
— NBA (@NBA) April 18, 2024
Ембид имаше лоша ноќ, но го спаси Сиксерс во последната четвртина. Се’ уште актуелниот МВП на лигата во првите три четвртини погоди само 3/12 удари од поле! Но, во последната четвртина постигна 11 поени и беше најдобар стрелец на тимот со вкупно 23 коша.
Тајлер Херо беше најдобар играч на Мајами Хит со 25 поени (9/27 шут) и девет асистенции. Потфрли Џими Батлер, традиционално еден од најдобрите играчи во лигата во плеј-офот, кој шутираше 5/18 од поле и даде 19 поени.
Во вториот натпревар на вечерта имаше многу помалку драма. Мечот на кариерата го одигра „бикот“, Коби Вајт, едно од најпријатните изненадувања сезонава и кандидат за наградата за играч кој најмногу напредувал.
Тој постигна 42 поени, со дури 71 отсто шут од поле (15/21), а особено беше добар од линијата за слободни фрлања, промашувајќи само еден од десетте обиди. Црногорскиот центар, Никола Вучевиќ, мечот го заврши со 24 поени и 12 скока.
Coby White from deep for 37 PTS in the 4th quarter! 🎯
CHI leads ATL on ESPN… winner faces MIA for the #8 seed in the East! pic.twitter.com/UYI75qZ1h7
— NBA (@NBA) April 18, 2024