Фудбалерите на Астон Вила по голема драма и пенали, го победија Лил со 4:3 и се пласираа во полуфиналето од Лигата на конференции, додека Фиорентина дури по продолженијата го скрши отпорот на Викторија Плзењ (2:0)..
Астон Вила победи на првиот меч со 2:1, а со истиот беа поразени во реваншот, по што се замина во продолженија а подоцна и кон пенали. За домаќините пенал промашија Бенталеб и Андре, додека за Астон Вила единствено неуспешен беше Бејли.
Ова е историско полуфинале за Астон Вила на европска сцена, нивната сезона сведочи дека со ист интензитет играат и во Премиерлигата, каде се во фантастична ситуација догодина да играат во ЛШ.
Фиорентина од друга страна, по двата меча одиграни со резултат 0;0, го сведоа натпреварот на продолженија, каде со головите на Гонзалес и Бираги го срушија отпорот и се пласираа во полуфиналето од Лигата на конференции.