По вечерашните реванш четвртфинални натпревари (21 часот), Борусија Дортмунд – Атлетико Мадрид и Барселона – ПСЖ ќе бидат познати првите полуфиналисти во Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал.
Атлетико доаѓа на стадионот „Вестфален“ со предност од 2:1 од првиот натпревар. Головите за Атлетико на „Метрополитано“ ги постигнаа Родриго Де Пол во четвртата и Самуел Лино во 32. минута, а во 81. минута голот за гостите го даде Себастиен Алер.
Минимална предност има и Барселона (3:2), која пред своите гледачи ќе се обиде да ја сочува. Рафиња беше двоен стрелец (37. 62. минута) за Барса, а за ПСЖ погодија Осман Дембеле (48.) и Витињо (51.), за конечните 3:2 да ги постави Андреас Кристенсен во 77. минута.