Напаѓачот на Њукасл Јунајтед, Александар Исак, стана вториот играч на тимот кој постигнал 20+ гола во сите натпреварувања во една сезона. Тоа пред него го има направено само Алан Ширер во сезоната 2003/04. Шведскиот напаѓач на денешниот меч со Тотенхем успеа два пати да се запише во листата на стрелците. Тој има 34 натпревари во сите конкуренции и досега постигна 21 гол. Неговиот договор е до 2028 година.