Во Манчестер Сити може ова лето да се отвори простор за еден нов, голем трансфер.
Се верува дека потенцијално заминување ова лето може да биде Бернардо Силва, па дури и Кевин Де Бруин, а на нивно место се споменува името на Лукас Пакета од Вест Хем.
Не е пракса Манчестер Сити да се враќа на старите желби, но можеби и тоа да се оствари. Сити минатото лето нудеа на Вест Хем 70 милиони фунти за овој фудбалер, но „чеканите“ од Лондон ја одбија таа понуда.
Но ова лето во Манчестер повторно се буди желбата да тргнат по овој играч, за кого сега веројатно би морале да издвојат повеќе финансиси.
Британските медиуми јавуваат дека откупната клаузула на Пакета е 85 милиони фунти, или 100 милиони евра, па можеби таа е цифрата која ќе ги задоволи во Вест Хем за остварување на овој трансфер.
- Ако бил добар претходната сезона, зошто да не биде добар и следната?“, кратко прокоментирал Пеп Гвардиола на приказната за трансферот на Пакета.
Гвардиола го посакува Пакета во својата екипа, но на крајот се ќе зависи и од желбата на фудбалерот, дали сака да заигра за Манчестер Сити.