Олборг ќе плати 1.000.000 евра за Кнор

Ракометниот клуб Олборг се подготвува да направи нешто што не е пракса во ракометот. Данскиот клуб сака да плати обесшетување еден милион евра за Јуриј Кнор, пренесуваат германските медиуми.

Средниот бек и репрезентативец на Германија има договор со бундеслигашот Рајн Некар Левен до 2026 година. Клубот е подготвен да му плати на Рајн Некар за да го донесе Кнор.

На клупата на Олборг од наредната сезона ќе седи Мајк Махула.

Кнор одби да ги коментира ваквите информации, но наводно е подготвен да ги напушти „Лавовите“ од Мајнхајм кои не блескаат оваа сезона. Во Бундес лигата се наоѓаат на 11. место.

Најдобриот млад играч во светот за минатата година во изборот на ИХФ, сака да ја напушти Германија и поради огромниот притисок кога се во прашање настапите во националниот тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО