Суперкуп на Турција: Фенербахче по една минута го напушти теренот!

Екипата на Фенербахче (до 19 години) го напушти теренот на Суперкуп мечот на Турција, против Галатасарај, по само една минута игра во знак на протест поради наводен нефер третман!

Фенербахче побара одложување на натпреварот бидејќи во четврток во четвртфиналето на Лига Европа (ЛЕ) игра против Олимпијакос од Грција, но фудбалските власти на Турција не им ја уважија молбата.

Мауро Икарди му донесе водство на Галатасарај пред противниците да го напуштат теренот. Натпреварот беше прекинат и Галатасарај потоа го славеше освојување на Суперкупот!

Натпреварот се играше, односно требаше, на околу 1.000 км од Истанбул од каде што се двата тима, во Шанлиурфа, кој минатата година беше погоден од разорен земјотрес. Приходите од мечот беа донирани за жртвите од земјотресот, кој однесе повеќе од 53.500 животи.

Суперкупот првично требаше да се одржи во Ријад, во декември, но беше одложен кога саудиските организатори одбија да им дозволат на играчите да носат дресови при загревањето со ликот на Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција.

Пред мечот, претседателот на Фенербахче, Али Коч на прес-конференција рече: „Време е турскиот фудбал да се ресетира“.

По натпреварот пак, Фенербахче издаде соопштение во кое се вели дека клубот излегол на теренот „не за да победи, туку да ја брани вистината“, додавајќи дека „ќе продолжат да стојат исправени“.

Фенербахче, исто така, побара странски судија да ја дели правдата, наведувајќи го неповолниот третман од турските судии. Тоа уследи неколку дена откако турската фудбалска федерација суспендираше двајца играчи на Фенербахче по еден натпревар.

Таа казна беше изречена откако навивачите на Трабзонспор упаднаа на теренот и ги нападнаа играчите на Фенербахче на лигашкиот натпревар на 17 март.

Фенербахче размислуваше да ја напушти турската Суперлига, но членовите на клупското Собрание гласаа против тоа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО