Колинс најдобра во Чарлстон и во Мајами, прва по Серена Вилијамс во 2013

Одличната форма на Американката, Даниеле Колинс (30) во последната сезона во кариерата продолжи со победата над Русинката, Дарија Касаткина со 6:2 и 6:1 (за 77 минути игра) и освојувањето на турнирот во Чарлстон, САД.

– Благословена сум што можам да имам можност да го оживеам мојот сон, многу сум благодарна, рече Колинс, која се искачи на 15. место на ВТА светската ранг-листа

Колинс, вицешампионката на Австралија Опен од 2022 година, во јануари објави дека ќе се повлече на крајот од сезонава за да се фокусира на создавањето семејство. Таа победи и на турнирот во Мајами неодамна, односно не е поразена на 13 натпревари по ред.

Серена Вилијамс беше последната тенисерка која ги освоила Мајами и Чарлстон во иста година, во 2013-та. Сезонава само светскиот рекет број 1, Ига Швјатек од Полска и Елена Рибакина од Казахстан, четвртата светска тенисерка, имаат повеќе победи од 22-те на Колинс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО