Mенаџерот на Челси, Маурисио Покетино, го коментираше настапот на напаѓачот на лондонскиот тим, Кол Палмер, на натпреварот од 31. коло од Премиер лигата против Манчестер јунајтед (4:3) на кој постигна хет-трик.
– Неговиот придонес беше неверојатен. Палмер заврши фантастична работа, изјави Покетино за „Би-би-си“.
Палмер е „производ“ од школата на Манчестер сити, а во Челси се пресели во последниот ден од ланскиот преоден рок, за 47 милиони евра. Сезонава тој одигра 39 натпревари за лондончани во сите натпреварувања, на кои постигна 21 гол и имаше 12 асистенции.
Палмер има договор со лондонскиот клуб до јули 2030 година. Неговата цена на фудбалскиот пазар, според интернет порталот Трансфермаркт, е 55 милиони евра.