Кошаркарот на Реал Мадрид, Серхио Љул стигна до бројката од 400 натпревари во Евролигата. Натпреварот против Црвена Звезда беше 400-ти за кошаркарот на Реал Мадрид во Евролигата.
36-годишниот Шпанец стана вториот играч во историјата на лигата кој стигнал до оваа граница на одиграни натпревари. Единствен играч кој има одиграно повеќе натпревари од Серхио Љул е поранешниот играч на ЦСКА Москва, Кајл Хајнс, кој моментално игра за Милан.
Во моментов има 423 натпревари во елитното кошаркарско натпеварување. Третото место според овој индикатор е за Серхио Родригез (399), кој сега е соиграч на Љул во Реал Мадрид.