Шпанците откриваат кој ја платил кауцијата за Алвеш?

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, кој е осуден на четири и пол години затвор за силување во февруари, плати кауција од еден милион евра и утрово го напушти затворот во Барселона.

– Ве известуваме дека уплатата на кауцијата за Даниел Алвеш е евидентирана на сметките на 21-от оддел на Судот во Барселона, се вели во соопштението.

Судот во Барселона го осуди Алвеш на четири и пол години затвор за силување жена во ноќен клуб на крајот од 2022 година. Речиси еден месец по пресудата за сексуално насилство, на еден од најодликуваните фудбалери во историјата му беше одобрено привремено ослободување од затвор, со платена кауција.

Во истовреме, судот одлучи дека на 40-годишниот Бразилец да му бидат одземени шпанскиот и бразилскиот пасош. Алвеш има и шпанско државјанство од 2005 година. Дополнително, според одлуката на судот, тој не смее да се доближи до жртвата, на која, според пресудата, треба да и плати отштета од 150.000 евра.

Неколку дена се шпекулираше кој ја платил кауцијата за Алвеш и во тој контекст се споменуваа имињата на Нејмар и на Мемфис Депај.

Но тоа беше демантирано, по што каталонскиот „Мундо Депортиво“ сега тврди дека кауцијата ja платил засега непознат бразилски медиум.

Шпанската новинарка Мариса Мартин Бласкез, изјави дека познат бразилски магазин организирал ексклузивно интервју со Алвеш во замена за кауцијата. Тие сметаат дека со објавување на интервјуто ќе ги покријат трошоците за излегување на Алвеш од притвор. Во интервјуто треба да учествува и поранешната сопруга на Алвеш, Жоана Санз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО