Фудбалерот, Џошуа Кимих, може да добие понуда да го напушти Баерн Минхен и во текот на летото да се пресли во Манчстер Јунајтед, наведуваат денеска неколку медиуми во Англија.
Според нив, „црвените ѓаволи“ го гледаат дефанзивниот играч како одлична замена за 32-годишниот Касемиро кој најави заминување од клубот.
Во текстовите се потенцира дека главни конкуренти на Манчестер Јунајтед во борбата за Кимих ќе бидат Ливерпул и Тотенхем. Бидејќи Кимих полека ќе влезе во последната година од договорот со Баварците, тоа може да биде олеснителна околност за Јунајтед.