Рангник би можел да го води Баерн

65- годишниот, Ралф Рангник, се наметнува како втора опција за клупата на Баерн Минхен доколку пропаднат преговорите со Чаби Алонсо, тврдат денеска медиумите во Германија.

Рангник кој работи во селекцијата на Австрија, веројатно би прифатил да замине на „Алијанц Арена“. Ќе потсетиме дека Баварците се откажаа од идејата да ги ангажираат Италијанецот, Антонио Конте и Португалецот, Жозе Мурињо.

Тимот од Минхен упорно притиска за Алонсо кој со неговиот Баер Леверкузен „гази“ се пред себе во трката за титулата во Бундес-лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО