Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо го продолжи договорот со клубот до јуни 2026 година, соопшти шпанскиот клуб.
Парехо (34) пристигна во Виљареал во 2020 година од Валенсија, а претходно играше за Хетафе, Квинс Парк Ренџерс и Реал Мадрид.
Оваа сезона одигра 33 натпревари за Виљареал и постигна три гола, ја освои Лигата на Европа во 2021 година.