Парехо останува во Виљареал до 2026 година

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо го продолжи договорот со клубот до јуни 2026 година, соопшти шпанскиот клуб.

Парехо (34) пристигна во Виљареал во 2020 година од Валенсија, а претходно играше за Хетафе, Квинс Парк Ренџерс и Реал Мадрид.
Оваа сезона одигра 33 натпревари за Виљареал и постигна три гола, ја освои Лигата на Европа во 2021 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО